Ковачевски: СДСМ обезбеди зголемувањето на платите да не зависи од политичка волја, туку тие да растат согласно закон

“Во методологијата за зголемување на платите на минималната палта вие знаете дека е регулирана со Закон и секоја година имаме усогласување на минималната плата со зголемените трошоци за живот и со зголемената просечна плата во  државата. Така да согласно со тоа не зависи зголемувањето на минималната плата и зголемувањето на просечните плати од политичка волја и тоа е еден од најголемите придобивки која што СДСМ и владата предводена од нас го има направено за граѓаните. Дури и денес кога ќе погледнете секој нов извештај на Државниот завод за статистика, покажува дека имаме зголемување на просечната плата во државата таа е веќе дојдена до 40 000 денари, јас сум убеден дека ќе дојде до 1 100 евра до 2028 година, а со влезот во ЕУ просечната плата веднаш ќе биде 1 300 евра додека минималната плата ќе биде 800 евра,“  изјави за МИА,  претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на прашање дали доколку СДСМ остане на власт, би можело да се очекува повторно зголемување на платите.

Ковачевски се осврна на влезот во ЕУ и зголемувањето на платите, земајќи предвид, дека државата ќе почне да функционира на заеднички пазар од половина милијарда евра. За тоа потврдуваат државите кои што влегле во ЕУ а пред тоа не биле дел од ЕУ каде се бележи зголемување и на економската активност, на бројот мали и средни претпријатија, зголемување на БДП.

„Словенија го дуплираше својот БДП. Хрватска за 1/3 го зголеми бројот на мали и средни претпријатија, зголемување на странските директни  инвестиции бидејќи кога СМ ќе стане дел од ЕУ тогаш голем број на компании ќе отвораат свои седишта во Македонија бидејќи сеедно е дали вашето седиште се наоѓа во Виена, Берлин или се наоѓа во Скопје или Атина со оглед на тоа дека се е тоа на заедничкиот пазар. И тоа се конкретните придобивки. Поголеми плати, поголеми пензии, подобар животен стандард, подобро владеење на право, поголема борба против корупцијата. Едноставно подобар животен стандард каков што граѓаните го сакаат и го заслужуваат ама тука дома во Македонија земја членка на ЕУ, а не да одат некаде по странство нашите млади за да живеат во ЕУ,“ истакна Ковачевски.

Најчитани вести