Маричиќ: Висок процент од вкупниот број акции во енергетските компании ќе се поделат еднакво на сите граѓани, вклучително и децата

„Економскиот раст и стандард, чистата животна средина, поевтината енергија тоа е тоа што сакаме да го постигнеме. Со таа порака на денот ја започнавме, го започнав и овој ден. Вчера најавив а денес сакам да повторам огромната промена што ја нудиме – државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓанните, таму каде што и припаѓаат Граѓаните стануваат акционери на енергетски компании“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на митинг во Аеродром.

Тој додаде дека висок процент од вкупниот број на акции во енергетските компании ќе се поделат еднакво на сите граѓани, сите граѓани вклучително и децата.

„Сите ќе добијат по најмалку осум илјади денари од вредноста на енергетските компании и до 500 евра за едно четиричлено семејство“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот исто така додаде дека евтината тарифа на струјата ќе остане и во наредните четири години и во наредните четири години ќе се покачат капацитетите од обновливи извори на енергија, за да се дојде до 60 отсто од вкупната потрошувачка во државата.

Најчитани вести