Инвестирајте во БИЗНИСИ во рурално подрачје со 600 000 евра ГРАНТ преку ИПАРД

Според динамиката на објавени повици од новата ИПАРД 3 програма, годинава се очекува уште еден повик за Мерка 7. Еден од приоритетните сектори е – Инвестиции во производство на непрехрамбени производи.

Мерка 7: ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА ФАРМИТЕ И РАЗВОЈ НА БИЗНИСИ

ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР 4 – Инвестиции во производство на не-прехрамбени производи

Прилог 1 – Листа на прифатливи не-прехрамбени активности по мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси”.

Прифатливи производни активности по мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси” (Производство на не-прехранбени производи)
Производство на храна за домашни миленици
Производство на текстил
Производство на облека
Производство на кожа и производи од кожа
Преработка на дрво и производи од дрво
Производство на хартија и производи од хартија
 Производство на парфеми и тоалетни препарати Производство на есенцијални масла
Производство на производи од гума и производи од пластични маси
Производство на други неметални минерални производи
Производство на фабрикувани метални производи (освен производство на оружје)
Производство на компјутерски, електронски и оптички производи
 Производство на велосипеди и инвалидски колички Производство на други транспортни средства
Производство на мебел
Останата производствена индустрија. Производство на накит, бижутерија и сродни производи. Производство на музички  инструменти. Производство на спортска опрема Производство на игри и играчки

КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК

  • Физичко лице кое е регистрирано како занаетчија во Регистарот на занаетчии, согласно Законот за занаетчиска дејност за активности за кои е предложена инвестицијата,
  • Физичко лице кое е регистрирано како Трговец поединец во Централниот регистар во согласност со Законот за трговски друштва,
  • Физички лица кои предлагаат нови инвестиции за стапување во економски активности во руралните средини (на пример за самовработување),
  • Правни лица (микро и мали претпријатија).

Прифатливи корисници  во овој сектор се правни лица, задруги и здружени правни лица со седиште во рурални општини согласно Анекс 1 на ИПАРД Програмата 2021-2027.

ВИСИНА НА ПОДДРШКАТА

  • За да се добие поддршка според оваа мерка, минималните прифатливи инвестиции по проект се 10.000 евра.
  • Висината на финансиската поддршка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата или не повеќе од 600.000 евра.
  • Максималната вкупна финансиска поддршка што треба да се додели на примателот според оваа мерка е 1.500.000 за целиот период на спроведување на Програмата.
  • Максималната финансиска поддршка што треба да се додели на новоформирани правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавен повик) по оваа мерка изнесува 100.000 евра.

НАПОМЕНА ЗА СИТЕ МЕРКИ: Земјиштето на кое се планираат инвестициите треба да е во сопственост на апликантот или да е земено под закуп или концесија на најмалку 7 (седум) години од денот на аплицирање.

Прилог 2 – Детална листа на прифатливи трошоци

Детална листа на прифатливи трошоци за мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси
Бр.Прифатливи трошоциОпис
1Набавка на нови машини и опрема за преработка на не- прехрамбени производи. (Опрема за преработувачки операции – од суровина до готов производ согласно Анекс 14: Листа на активности за не-прехрамбени производи прифатливи во мерка 7).Машини и опрема за подготовка и складирање на суровини. Машини и опрема за производство на мебел. Опрема за обработка на дрво и производи од дрво. Опрема за обработка на минерали и минерални производи. Опрема за обработка на метали и метални производи. Опрема за преработка на неметали. Опрема за подготовка на храна за домашни миленици. Опрема за преработка на хартија и производи од хартија. Опрема за производство на етерични масла. Опрема за производство на парфеми и тоалетни препарати. Опрема за производство на текстил и облека. Опрема за производство на кожа и кожни производи. Опрема за производство на гума, пластика и производи од гума и пластика. Опрема за производство на велосипеди и инвалидски колички. Опрема за производство на други транспортни средства. Опрема за производство на накит и сродни производи. Опрема за производство на музички инструменти. Опрема за производство на спортска опрема. Опрема за производство на играчки. Опрема за производство на компјутерски, електронски и оптички производи Опрема за пакување и етикетирање на готовите производи, вклучувајќи складирање. Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот. Опрема за манипулација, товарање ирастоварање, виљушкари, транспортни приколки, контејнери, палети, приколки за транспорт со разладување, подвижни ленти, опрема за мерење на тежина. Опрема за следење на квалитет, контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција. Опрема за третман на отпад, валоризација, манипулација и складирање. ЦИП опрема за чистење.
Прифатливи трошоци кои се однесуваат на сите приоритетни сектори
Бр.Прифатливи трошоциОпис
10Градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти илиреконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет), како и пластеници / стакленици: – инсталација на соодветната опрема; – достигнување на стандарди за заштита на животната средина; – обезбедување на хигиенски и санитарни услови; – обезбедување на административен простор; – помошни простории (за складирање, гаражи, итн); – кпацитети за внатрешно и надворешно сместување и за рекреативни цели; – обезбедување на пристап, уредување и оградување.Сите материјали кои се користат за изградба на подови, ѕидови и тавански површини, како и сите премази и сврзни смеси кои се користат во производството и услужните објекти прифатливи за поддршка во рамките на Мерка: “Диверзификација на фармите и развој на бизниси”, како и за административен простор, пунктови за малопродажба, лабораториски и санитарни уредувања и инфраструктура за производство или услужна активност. Облоги за ѕид, таван и под, ѕидни и тавански панели, цевки, врати, прозорци, системи за греење и вентилација (климатизација и воздушно прочистување), одвод, канализација, третман на отпад и системи за валоризација на отпад, елементи за водовод и електрична енергија (вклучително генератори) (пумпни станици, артески бунари), вклучувајќи практики за заштеда на енергија и користење на обновливи енергии. Столбови направени од дрво, челик, бетон или друг материјал, сидра за заземјување на инсталацијата и ремените, поцинкован челик, жица, рамки изработени од метал, пластични облоги. Градежни материјали/ компоненти за внатрешни пристапни патишта и воспоставување на патна мрежа, уредување и оградување на простор.
11Работни операции и услугиСите потребни работни операции и услуги за реализација на проектната инвестиција: – Уривање и демонтирање; – Подготовка на терен; – Градежни работи; – Реконструконструкција; – Занаетчиски активности; – Транспорт и монтажа; – Инсталациски работи; – Подготовка на земјиштето и пристапни    патишта;
12Компјутерска опремаКомпјутерска опрема и софтвер, вклучувајќи Сензори (само за соодветната опрема и производство)
14Општи трошоциПодготовка на техничка документација, градежни планови, помошни студии, пресметки на трошоци, анализи, анализа на пазарот, подготовка на оцена на животната средина, управување со проекти: – Архитекти; – Инженери; – Консултанти; Стекнување на патентни права и лиценци, системи за управување со: – ISO; – HACCP; – GMP (Добри производни пракси). Публикација и информативни материјали: – Билборди; – Плакети; – Налепници. Покрај тоа, трошоците поврзани со колективните инвестиции може да се прошират и за: Студии за спецификација за хигиенски стандарди и на производство на квалитетни производи; – Студија за развој на производи и маркетинг за нови производи или слични студии за други производи;

Напомена : Инвестициите во оваа мерка мора да се реализираат во РУРАЛНА СРЕДИНА – Населено место со помалку од 30 000 жители.

За повеќе информации и целосна подготовка на апликации за грантови јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk

Најчитани вести