„Оризот, македонското бело злато, влезе во Законот за стокови резерви како стратешка култура, благодарение на политиките на Владата на СДСМ. Од старт ги зголемивме, не за 3, не за 30, туку за 300 отсто субвенциите за производителите уште од 2018 година“ рече носителот на листата во ИЕ3 од СДСМ и Коалициајта за европска иднина, Љупчо Николовски на митингот во Кочани.
Тој додаде дека откупната цена на оризот достигна над 40 денари оваа година за оризова арпа и СДСМ ги исполни сите ветувања за оризопроизводителите.
„Има интервентен фонд за оризопроизводителите од првата година, 30, па 50, па 100 проценти поддршка за зелена нафта, мерката која ја ветивме и беше клучна“ рече Николовски.
Тој исто така додаде дека денес нема долгови кон земјоделците и субвенциите се исплаќаат авансно, за разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога останаа 400 милиони евра долгови.


