Шкријељ: Планот за раст е еден од најсилните инструменти на ЕУ и јасна порака за проширување кон Западен Балкан

„Планот за раст е еден од најсилните инструменти со коишто ЕУ докажува дека она што го кажува навистина го мисли – кога вели дека земјите од Западен Балкан вклучително и нашата земја припаѓаат на Европската Унија. Факт е дека на некој начин сме уморни од долгиот процес. Минатата година бев на одбележување на 20 години од одбележување на Самитот во Солун и таму констатиравме дека некои од ветувањата како да се повторуваат, меѓутоа со овој инструмент мислам дека  ЕУ покажа дека ова не е само уште едно ветување затоа што самиот процес на пристапни преговори коишто треба да ги направиме заради нас и не е целта само полноправно членство, туку процесот којшто треба да го поминеме за да си обезбедиме подобар квалитет за живот за сите нас“, рече пратеничката Санела Шкријељ на Економски подкаст „Планот за раст, реформите предуслов за ЕУ фондовите и социјалните политики“.

Таа додаде ова влада предводена од СДСМ овие средства ќе ги добие не затоа што некој многу не сака туку затоа што истите ќе се искористат за реформските процеси со кои ќе се станеме полноправна членка на ЕУ.

„Ова е навистина многу важен инструмент кој значи не само техничка поддршка, не само ИПА проектите кои и досега ги имавме … туку конкретна голема финансиска поддршка, која значи – правете вие реформи за подобар квалитет за живот за вашите граѓани дома, ќе добиете значајна дополнителна финансиска поддршка. ЕУ си бара испорачување на некои стандарди и ние истото го сакаме. Да биде по реформи и заслуги, испорачуваме реформи, добиваме поголема финансиска поддршка“, потенцираше Шкријељ.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести