Доколку планирате да инвестирате во рурален туризам, мерка 7 од ИПАРД 3 програмата е токму за вас, бидејќи преку неа имате можност да добиете поврат на средстства во висина од 60% од инвестицијата.
Во продолжение прочитајте повеќе за што сè може да се аплицира, какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни за инвестиции во руралниот туризам.
Кој може да аплицира
На јавен повик за апликации за финансиска поддршка во приоритетниот сектор „Рурален туризам“ може да аплицираат:
- Физички лица
- Со или без регистрирана дејност
- Правни лица
- Микро претпријатија со најмногу 10 вработени и до 2 милиони евра годишен обрт
- Мали претпријатија со најмногу 50 вработени и до 10 милиони евра годишен обрт
- Задруги
Физичките лица кои аплицираат може да имаат веќе регистрирана дејност (на пример угостител или трговец поединец), но може да аплицираат и доколку немаат регистрирана дејност и сакаат да започнат нов бизнис.
За што може да се аплицира во руралниот туризам
Во рамки на мерка 7 може да се аплицира за опремување и/или изградба и реконструкција на:
- Туристичко сместување во внатрешен простор
- Соби
- Апартмани
- Ноќевање и појадок (Bed & Breakfast)
- Само-угостителски колиби
- Туристичко сместување на отворено
- Кампови
- Бунгалови
- Камп-приколки
- Угостителска дејност
- Објекти за готвење и служење на храна (ресторани, гостилници итн.)
- Комбинирани услуги – сместување и угостителски услуги
- Простории за дегустација/продажба за директен маркетинг на производите
- Рурални музеи
- Згради и изложбени предмети за разгледување на историски, природни, традиционални, образовни, земјоделски и други добра од руралните средини
- Ботанички и зоолошки градини
- Простории за семинари и обуки, едукативни фарми
- Рекреативни активности за туристите
Прифатливи трошоци
Подобни трошоци во рамки на мерката 7 се:
- Набавка на нова опрема и машини за сместувачки капацитети
Мебел, апарати и друга опрема за санитарен дел, административен дел, заеднички простории итн.; опрема за угостителство и кујнска опрема, вклучувајќи кујнски и угостителски прибор, опремување на рекреативни и спортски објекти (отворени и затворени); опрема и машини за уредување на дворови, декорација на градини, патеки, фонтани, надворешно осветлување, надворешни скари, затворени градини, летниковци, видиковци, маси и седишта за пикник, итн. - Изградба на нови или реконструкција на постојни згради и објекти
Набавка на сите материјали кои се користат за изградба, како и сите потребни работни операции и услуги (подготовка на терен, градежни работи, транспорт и монтажа итн.)
Инвестицијата треба да биде во рурална средина и тоа според листата на населени места определени како рурални области кои можат да користат средства од ИПАРД. Рурални подрачја според ИПАРД се населени места до 30.000 жители. Тоа значи дека за мерка 7 од ИПАРД може да аплицираат баратели чии инвестиции се во села, населени места но и помалите градови како Берово, Пробиштип, Богданци, Дебар, Кратово, Кочани, Делчево и други.
За повеќе информации и целосна професионална подготовка на апликации за грантови јавете се на телефонските броеви:
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk


