Прва фотографија од крштевката на синот на Марија Шерифовиќ! Пејачката му се обрати на наследникот со силни зборови: Стана божјо дете

Пејачката преку социјалните мрежи објави фотографии од тајното крштевање, а на наследникот му се обрати со емотивни зборови.

Марија Шерифовиќ, вчера, 12 мај, тајно го крсти својот син Марио, во црквата Свети великомаченик Димитриј во Нов Белград, објави Информер.

Пејачката го крстила својот син во тајност, во присуство на семејството и неколку најблиски луѓе и не случајно избрала овој свет чин да се случи на Свети Василиј Остроски.

Сега на мрежите објави фотографии од крштевката и откри кој бил кум на малиот наследник. На фотографијата можете да видите како кумот го држи Марио, но и свештеникот кој го извршил овој прекрасен чин.

– Вчера го прославивме Василиј Острошки, потоа мојот прв „Americki Mother’s day “, но и крштевката на мојот мал синоок мек памук принц. Ти стана Божјо чедо и Господ и Свети Василије да те чуваат од секакво зло, напиша Марија.

Свети Василије Острошки е семејна слава на нејзиното семејство,татко и Рајко, а Марија пред крштевањето на својот Инстаграм сподели кадар од домот од каде ја честиташе славата.

Најчитани вести