Прва фотографија од малиот Исаија – Таткото Вељко го зеде наследникот во раце

Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана Ражнатовиќ денеска се породи и на свет донесе син на кој му го дадоа името Исаија.

Се породила со царски рез во приватна клиника, а породувањето поминало без проблеми. Гордата баба Цеца Ражнатовиќ ја објави првата слика од бебето.

Имено, таа напладне објави слика од нејзиниот син Вељко како го држи третиот наследник во раце за прв пат, објави Србијаданас.

Вељко Ражнатовиќ се огласи на својот Инстаграм профил и и ја соопшти радосната вест на јавноста.

– Слава на Бога! Се роди мојот трет син Исаија – напиша накратко Вељко, кој претходно објави фотографија од породилиштето.

Најчитани вести