Семејна трагедија во скопско Стајковци попладнево. По жолчна расправија во семејната куќа брат си го убил сопствениот брат, а потоа од живот ја лишил и снаата, сопруга на другиот брат кој бил починат.
Жртвите се на возраст од 64 и 57 години. Инцидентот во СВР Скопје бил пријавен во 12 и 30 часот.
Екипите на медицинската помош смртта кај 57 годишната жена ја констатирале на местото каде што ја пронашле додека 64 годишниот маж го затекнале со повреди на главата.
Тој веднаш бил хоспитализиран во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што во 14.00 часот им подлегнал на повредите.
МВР го идентификуваше и уапси сторителот, а Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на место на трагедијата.
Било констатирано дека сторителот на братоубиството откако го извршил првото убиство ја убил и снаата.
Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје со убодни рани го пронашле и 67 годишниот сторител на грозоморното убиство, и за него е констатирано дека имал здравствени проблеми.
Причините за убиствити се утврдуваат. Уапсеното лице во моментов е хоспитализирано, информора Јавно обвинителство.
Обезбедени се траги од местото на злосторството кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
извор: slobodenpecat.mk


