Пејачот Никола Роквиќ замина во Грција да собере пари за реновирање на делот за педијатриска онкологија а сега сподели радосна вест!
Станува збор за сума од 200.000 евра, а Роквиќ преку социјалната мрежа Инстаграм ги извести своите следбеници дека сумата е собрана.
– Успеавме!!! На овој ден, кога го славиме Светскиот ден на семејството, нашата прва цел е постигната! Одиме понатаму, нема застанување, со Божја помош до Егина! Овој пат за детска радост! Благодарам – напиша Никола на Инстаграм.
Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција, а негова крајна цел е да стигне до манастирот Свети Нектариј Егински во Грција. Денеска е 24-ти ден од неговиот поход.


