(ФОТО) По глутница кучиња, сега волци! Никола Роквиќ наиде на нов проблем на пат кон Егина

Денеска е 26. ден откако српскиот пејач Никола Роквиќ пешачи од Белград до Егина во Грција за да собере пари за детска онкологија.

Никола редовно се огласува преку својот инстаграм-профил каде со јавноста споделува моменти од подвигот, а неодамна откри дека парите се собрани. Сепак, тој продолжува со својата мисија за да успее да собере уште средства за детска онкологија.

Мисијата на Никола не е нималку лесна, а на денешното патување му се придружи и негови пријател кој ќе му помогне бидејќи поминува низ области каде има диви животни, што може да биде пречка за него.

„Одиме во регионите каде што има волци“, напиша Роквиќ.

Покрај животните, тој имал и други проблеми, имено морал да помине длабока вода и нашол начин да го надмине тоа. Никола наишол на подлабока вода што морал да ја помине, па носел огромни камења за да направи патека за другарот и за себе да премине на суво.

Со оглед на тоа што Никола објави дека наишол на група крволочни кучиња, многумина сега стравуваат дали ќе има блиска средба и со волци.

извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести