АГРОТИМ – ТРИБИНА во Росоман за можностите за аплицирање преку програмата ИПАРД 3

АГРОТИМ организира едукативна трибина во Росоман на која ќе се разговара за можноста за аплицирање на новите повици од ИПАРД 3 програмата кои се очекуваат да бидат објавени во следниот период.

Сите потребни информации како да добиете грант од ИПАРД за набавка на нова механизација или технологија, подигнување на долгогодишни насади, изградба на фарми, ладилници, силоси, изградба или реконтрукција на апартмани, хотели, ресторани и други бизниси во рурално подрачје.

На трибината ќе бидат присутни консултанти кои ќе ве информираат за можностите кои ги нуди ИПАРД 3 програмата и за начинот на аплицирање. Во директната комуникација со консултантите ќе имате можност и да поставите конкретни прашања и дилеми за вашата идеја или инвестиција.

📌Локација: Старо училиште, II спрат – сала за состаноци

📅 Дата: 06.06.2024 година (четврток)

⏰ Време: 13:00 часот

Ве очекуваме!

Извор: Аgrotim.mk

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести