Пожар во гаража во Ново Лисиче, причинета материјална штета

Пожар избувна денеска во импровизиран автосервис – гаража во Ново Лисиче. Интервенирано е со две противпожарни возила и седум пожарникари. Повредени нема, причинета е материјална штета.

– Пожарот е изгаснат, екипите се повлечени. Имаше опожарени едно патничко возило, дрва и некои други материјали. За среќа, нема повредени. Тоа се првичните информации, изјави за МИА командантот на скопската Противпожарна бригада Звонко Томески. 

Материјалната штета допрва ќе се утврдува.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести