Дончиќ увери дека се чувствува добро пред третиот натпревар со Бостон

Словенечката ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ беше принуден да се справува со постојаните повреди во текот на НБА плејофот, а ситуацијата останува иста и за време на финалето против Бостон. Селтикси водат со 2:0 против Далас и вечерва по наше време ќе бидат домаќини на третиот натпревар од серијата.

-Не сакам да изнесувам премногу детали, но се чувствувам добро, изјави Дончиќ по последниот тренинг на Маверикс.

Дваесет и пет-годишниот Словенец има проблеми со десното колено и левиот зглоб.

Непосредно пред да биде избран од Далас на драфтот на НБА во 2018 година, тој го предводеше шпанскиот Реал Мадрид до титулата во Евролигата, а беше прогласен и за Најкорисен играч во сезоната.

-Би рекол дека е поинаку. Освен тоа, голема разлика е да имаш 18 и 25 години. Но, се работи за различни игри. Овде играш до четири победи, а во Евролигата е само еден натпревар. Сосема поинаква ситуација, одговори Лука Дончиќ на прашањето за споредба на решавачката фаза во НБА и Евролигата.

МИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести