„Се борев за буџетот“, вели Велија Рамковски во најновиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор, кој го емитувавме во петокот и кој целосно е достапен на нашиот канал.
Тој вели дека најголемата грешка сега во државава е што никој не зборува за Буџетот, а таму состојбата е најлоша, државата е во најлоша позиција досега.
„И пак нема борба за Буџетот. Замислете. Има за поединечни случки, на овој или оној. За некоја зграда што се изградила, за некои ситни сумички, во споредба со 3,5 милијарди евра, кои не се доволни, па мора да се земе и кредит за да се дополни до 5,5 милијарди, и буџетот никогаш не е главна тема“, вели Рамковски.
Извор: Фактор.мк


