Полициски контроли во угостителски објекти, излетнички места и на концерт на подрачје на Скопје, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Во изминатото деноноќие од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, извршени се контроли во повеќе угостителски објекти, на излетнички места како и на концерт за време на музичка манифестација во Скопје.

Во текот на контролата, лишен од слобода е И.П.(42) од Скопје, бидејќи при преглед во импровизиран бункер во мотоцикл кој го управувал без возачка дозвола, пронајдени се 13 пакувања со бела прашкаста материја, а во чантичка под седиштето пронајдени се поголем број банкноти во апоени од 50 евра и од 1000 денари. Кај А.К.(20), исто така, при преглед е пронајдена  растителна материја.

Во координација со јавен обвинител против лицата ќе бидат поднесени кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести