Деветнаесетгодишно момче починало од струен удар

Во СВР Скопје синоќа во 23.43 часот  било пријавено дека на домашна забава во скопско Радишани од струен удар починало 19-годишно момче Љ.Љ.од Скопје.

-Според пријавеното, откако излегол од базенот, Љ.Љ. преку миксетата сакал да пушти музика и во тој момент паднал од краток спој. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти МВР во полицискиот билтен. 

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Чаир. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести