Трипуновски од Конче: Преку манифестацијата „Од зрно до погача“ се негува македонската традиција како наше најголемо богатство

 Во мултиетничко Конче, с. Лубница, денеска се одржа манифестацијата „Од зрно до погача“ на која се презентираа мултиетничките традиции, обичаи, здравата храна и соживотот на македонското и турското население кое што живее во регионов.

На настанот присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој посочи дека преку вакви манифестации може да се негува и зачува традицијата како наше најголемо богатство.
 
-Традицијата на еден народ е олицетворение на сето богатство што може да го презентира една земја. Преку повеќе вакви настани традицијата ќе продолжи да се раскажува преку храна, песни и игри, истакна министерот Трипуновски.
 
Во рамките на манифестацијата беше приреден и фолклорен дел посветен на жетварските обичаи од страна на локалните жители и беше изложена прекрасната традиционална храна од регионот.

Манифестацијата „Од зрно до погача“ е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ЗРР Блесок од Радовиш. 

МИА

Најчитани вести