Тешка сообраќајна несреќа попладнево го блокираше сообраќајот на булеварот „Александар Македонски„ во скопската населба Автокоманда.
Од силината на ударот едното од возилата заврши превртено на кров, додека уште две други возила се оштетени.
За сега нема информации за повредени или жртви во несреќата, а на местото на сообраќајката има возила на Итна помош и полиција.
извор:slobodenpecat.mk


