Брутален одговор од Ѓоковиќ: Новинарите го запрашаа дали би бил задоволен со сребро на ОИ

Новак Ѓоковиќ првпат во кариерата влезе во олимпиското финале.

Тој во полуфиналето го совлада Италијанецот Лоренцо Музети со 2:0, во сетови 6:4, 6:2 и со тоа го доби мечот со Карлос Алкараз за златниот медал.

По натпреварот Ѓоковиќ беше расположен во разговорoт со новинарите, се додека странските новинари не го запрашаа дали би бил задоволен со среброто.

-Следното прашање, кратко одговори Новак.

За мечот Новак изјави дека е големо олеснување затоа што никогаш досега не се пласирал во финалето.

-На првите Игри освоив бронза, но потоа не успвав. Што и да се случи во недела, ќе бидам горд. Можам да славам бидејќи и ова е голем успех. Се разбира, ќе одам по златото, но ова е голема работа. Размислував за пораз во полуфиналето на Олимпијадата. Бев нервозен и напнат, имав многу емоции. Знаев дека морам да бидам најдобар, и мислам дека бев во поголемиот дел од натпреварот. Не се сметам за фаворит во недела, Алкараз докажа дека е најдобар тенисер во моментов. Дефинитивно е фаворит, но ова е Олимпијада… Долго време не сме играле на земјена подлога. Мислам дека сум подобар играч отколку што бев на Вимблдон, подобро се движам и се чувствувам подобро. Мислам дека имам поголеми шанси во недела, рече Ѓоковиќ.

Новак беше запрашан што се случи со неговото колено.

  • Направивме дополнителни третмани за да го одржиме коленото во најдобра можна состојба. До утрово не знаев како ќе биде. Воопшто не ми пречеше, среќен сум поради тоа. Тестовите беа добри синоќа, примав терапија до доцна во ноќта. Поминав многу време со физиотерапевт. Се беше во ред, фала богу. За прв пат во кариерата сум во финале, земав медал за Србија и срцето ми е полно, рече Ѓоковиќ.