Екипата на Ал Наср предводена од Португалецот Кристијан Роналдо ја освои титулата во Саудиската Про лига. Во натпреварот од последното коло на домашен терен Ал Наср го надигра Дамак и со победата од 4:1 го освои првото место пред Ал Хилал со два бода повеќе. На крајот по 34 кола Ал Наср освои 86 бодови, а Ал Хилал – 84.
На дуелот со Дамак, новиот шампион поведе со голот на Садио Мане, а Кингсли Коман на почетокот на вториот дел зголеми на 2:0. Гостите намалија со гол од пенал, а потоа Кристијано Роналдо постигна два гола за конечни 4:1. Воедно вториот гол за него беше негов 973. ти во кариерата.
По крајот на дуелот започна и големо славје на стадионот, а Роналдо конечно успеа да освои титула и во Саудиска Арабија.
МИА


