Контроверзната алжирска боксерка Иман Келиф веќе освои медал за нејзината земја откако победи во четвртфиналето на Олимписките игри и се пласираше во полуфиналето во категоријата до 66 килограми. Таа со едногласна одлука на судиите ја победи унгарската репрезентативка Ана Лука Хамори, па откако срдечно се поздрави со ривалката, не можеше да ги сокрие солзите.
Нејзиниот тренер Педро Дијаз, веднаш ja пречека надвор од рингот и ја утеши славејќи ја победата.
Таа во полуфиналето ќе се бори против тајландската претставничка Јанјаем Суваннафенг.
Алжирските медиуми ѝ даваат голема поддршка на Келиф и ја пренесоа нејзината изјава:
– Горда сум штo ноосам медал за својата земја со мојот настап во Париз. Работев напорно за да дојдам до тука. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ме поддржуваат и кои веруваат во мене. Ова е победа за сите жени!, – порачала Келиф.
Imane Khelif has just won again and broke down into tears after advancing to the semi finals #Olympics pic.twitter.com/T7Kp0oJjN6
— ACD MMA (@acdmma_) August 3, 2024
Претходно, италијанската боксерка Анџела Карини, која се натпреваруваше во категоријата до 66 килограми, одби да се бори во осминафиналето на Олимписките игри против Келиф со изговор дека не сака да се бори со маж. Таа го напушти натпреварот во 46. секунда.
Во 2023 година, ИБА ги суспендираше Келиф и Лин Јутинг од Тајван од Светското првенство откако паднаа на тест за пол. И покрај тоа, Меѓународниот олимписки комитет смета дека ги исполнуваат критериумите за учество на женскиот турнир и им дозволи да се натпреваруваат на Олимпијадата во Париз.


