Двајца учесници во триатлонот на Олимписките игри во Париз завршија во болница, а се претпоставува дека состојбата им се влошила од пливањето во загадената Сена.
Организаторите на Олимписките игри во Париз инсистираа натпреварувањето да се одржи на Сена, иако пливањето во реката е строго забрането повеќе од еден век поради лошиот квалитет на водата.
Дури и градоначалникот се капел во реката пред почетокот на Олимпијадата, но кога дошло време за натпреварувањето било откриено дека нивото на ешерихија коли во водата е превисоко и сите тренинзи биле откажани.
Натпреварувањето беше одложено за еден ден, а потоа преку ноќ „се исчистила“ Сена и беше најавено дека натпреварот ќе се одржи.
Иако сè уште не е потврдена врската помеѓу хоспитализацијата на триатлонците и нивното пливање во Сена, револтот е голем.
Така, Белгија се повлече бидејќи нема замена за Клер Мишел, која е во болница од средата, додека на лекување е задржан и швајцарскиот олимпиец Адриен Брифо поради инфекција на гастроинтестиналниот тракт..
Paris' worst nightmare realized as multiple athletes hospitalised after triathlon swim in Seine River🤢🤮https://t.co/YTpsX0k8Bj
— ShanghaiPanda (@thinking_panda) August 6, 2024


