Златен медал во скејтбординг на Олимпијадата во Париз освои четиринаесетгодишната Ариса Тро од Австралија.
Австралијката имаше одличен последен, трет настап кој ѝ донесе предност пред останатите седум финалистки.
Јапонката Кокона Хираки (15) освои среброто, а Британката Скај Браун (16) ја освои бронзата.
Во финалето настапи и Финецот Хеили Сирвио (13), кој заврши на петтото место.
Овој спорт за првпат беше вклучен во листата на олимписки спортови пред три години, на Олимпијадата во Токио.


