Ембла Матилде Њерва сè уште нема ни наполнето 18 години (родена е на 22.02.2007 година), а веќе успеа да го шармира светот со својот изглед, но и со спортскиот талент. Таа на Олимписките игри се натпреварува во скок со стап и несомнено без разлика на резултатот ќе го привлече вниманието на светската јавност, љубителите на атлетиката, но и нови почитувачи на нејзиниот лик и дело.
Таа ја носи и титулата рекордер
Иако е многу млада, за кратко време колкуи што професионално се натпреварува веќе успеа околу врат да закачи важни награди. Имено, минатата година прекрасната Норвежанка освои бронза на Европското првенство за млади, пред еден месец на Европското првенство до 18 години освои сребро, а има и еден златен медал од националниот натпревар на најдобри атлетичари.
Ембле Матилде гордо ја носи титулата рекордерка и тоа благодарение на прескокнатата висина од 3,80 метри, што во категоријата до 15 години било апсолутно недостижно за другите натпреварувачки.

Татко и се занимавал со атлетика
Инаку, Њевре потекнува од спортско семејство, нејзиниот татко Сигурда Њерве исто така се занимавал со атлетика, поточно со трискок. Сепак, сите очекуваат убавата Ембле Матилде многу брзо да го засени нејзиниот татко, а резултатите што ги постигна досега се веќе навестување за една прекрасна кариера во популарната атлетска дисциплина.
Исто така, оваа 17-годишна девојка од Норвешка е, како и секоја тинејџерка, активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии и видеа и добива бројни комплименти за својот изглед, но и за спортските вештини со оглед на тоа што не само што објавува содржини од нејзиниот приватен живот и од патувањата, туку и снимки од големите натпреварувања каде што настапува, пишува Блиц.


