Запален автомобилот на Драган Митковски, носител на листа од партијата на Арсовска

Во населбата Ѓорче Петров, синоќа бил запален автомобилот на Драган Митковски, соработник на градоначалничката Данела Арсовска. Митковски беше носител на листа на последните парламентарни избори од партијата Нова Алтернатива, oбјави ТВ21.

„„На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило ‘мерцедес а класа’ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило ‘хјундаи’ и ‘сузуки свифт’ во делот на браниците и ретровизор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести