ПСЖ промовираше ново засилување од Ајнтрахт Франкфурт

Пари Сен Жермен официјално го објави потписот со еквадорскиот централен дефанзивец Вилијан Пачо од Ајнтрахт Франкфурт.

Парижаните за дефанзивецот ќе платат 40 милиони евра фиксна сума плус уште 5 милиони евра во вид на можни бонуси, а договор е до крајот на летото 2029. Така, ПСЖ повторно направи скапа набавка од германскиот клуб, откако изминатото лето оттаму го привлече и Рандал Коло Муани за близу 95 милиони евра.

Еквадорецот Пачо ќе го носи бројот 51 во својот нов клуб.

Минатата сезона беше важен дел од тимот и настапи на 44 натпревари за Ајнтрахт, на кои имаше две асистенции. Пачо има и 16 натпревари и 2 гола за репрезентацијата на Еквадор, како стартер на сите средби на неговата селекција во изминатата Копа Америка.

-Многу сум среќен што му се приклучувам на Пари Сен Жермен. Се надевам дека ќе го донесам мојот карактер и ќе ја покажам сета своја одлучност да освојам многу трофеи, изјави Вилијан Пачо. 

МИА