Македонец убиен во Србија од поранешниот сопруг на неговата партнерка

Шеесет и едногодишниот Г.С. од Врачев Гај кај Бела Црква е приведен вчера поради сомнение дека го убил Македонецoт Б.П. кој бил во љубовна врска со неговата поранешна сопруга, пренесе Слободен печат.

Убиството се случило во четвртокот вечерта во близина на куќата на осомничениот Г.С. каде ги затекнал неговата поранешна сопруга и нејзиниот партнер. Македонецот со неговата партнерка биле во посета на нејзина пријателка која живеела во соседството на Г.С.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести