Реал Мадрид ја одби понудата од 100 милиони евра за Милитао

Реал Мадрид не се согласи да го продаде дефанзивецот Едер Милитао.

Според „Goal“, мадридскиот клуб ја одбил понудата од Саудиска Арабија вредна повеќе од 100 милиони евра за 26-годишниот играч.

Бразилскиот фудбалер игра за Реал Мадрид од 2019 година. За тоа време Милитао одигра 156 натпревари, постигна 11 голови и 5 асистенции. Неговиот договор е до летото 2028 година. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 60 милиони евра. 

МИА