(ВИДЕО) УЕФА ја промени химната на Лига на шампионите, вака сега звучи познатата песна

Покрај промената на форматот на натпреварувањето во Лигата на шампионите за оваа сезона, челниците на УЕФА донесе уште една радикална одлука – ја сменија химната на најелитното фудбалско натпреварување!

Оваа промена на химната претставува чекор кон модернизација на светскиот фудбал, иако на многу фанови, според реакциите на социјалните мрежи, не им се допадна новата верзија на химната.

Новата химна ја задржува својата суштина, но се нагласува вокалниот дел.

Ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите ќе се одржи на 29 август во Монако, каде екипите ќе бидат поделени во четири шешири според рангирањето на УЕФА. Софтверот потоа ќе ја одреди иднината на секој клуб и неговите осум противници. Првите натпревари се закажани за 17 септември.