Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи забележало дури четири случаи на физичко насилство врз жени, од кои три се во кругот на семејството.
На 24.08.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје 67-годишна жена пријавила дека околу 12.00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот син Г.М.(43) од Скопје.
На 24.08.2024 во 23.15 часот во СВР Скопје М.М.(41) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од А.Н.
На 24.08.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје 53-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот сопруг М.И.
На 24.08.2024 во 13.00 часот во ОВР Прилеп 33-годишна жена пријавила дека на 19.08.2024 околу 21.00 часот била физички нападната од нејзиниот партнер А.В. кој исто така и се заканувал со остар предмет.
За сите овие насилства МВР презема мерки за расчистување.


