Во Универзитетската клиника за хируршки болести “Свети Наум Охридски” имало нарушување на јавниот ред и мир, соопшти МВР.
“На 31.08.2024 во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, по претходно недоразбирање во чекалната, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(41) и М.Б.(37), двајцата од Скопје”.
Како што се наведува во соопштението по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


