Синер ја освои титулата на Ју Ес Опен

Првиот светски рекет Јаник Синер триумфираше на гренслем турнирот Ју Ес Опен, откако синоќа во финалето во Њујорк го совлада американскиот тенисер Тејлор Фриц со 6:3, 6:4, 7:5.

Италијанецот доминираше во првите два сета, а до конечниот триумф дојде со пресврт во третиот сет, во кој се врати од негатива од 3-5 во гемови.

За 23-годишниот Синер ова е втора гренслем титула во кариерата, но и во 2024 година, откако во јануари го освои Австралија Опен.

Од друга страна, 26-годишниот Фриц играше во своето прво гренслем финале во кариерата, а пред овој турнир никогаш не напредуваше подалеку од четвртфиналето. 

МИА

Најчитани вести