Кривична за кавадарчанката која со тврд предмет ја нападнала мајка си

Полицијата ѝ поднесе кривична пријава на кавадарчанката која со тврд предмет рано утрово ја нападнала мајка си, известија попладнево од СВР Велес.  

Оттаму појаснија дека ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело кривична пријава  против В.Ѓ.М.(32) од Кавадарци, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело обид за убиство при семејно насилство, казниво по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

На 10.09.2024 околу 3:15 часот во семејниот дом во Кавадарци, В.Ѓ.М. со тврд предмет ја нападнала нејзината 60-годишна мајка и ѝ нанела тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. В.Ѓ.М. била лишена од слобода и по документирање на случајот поднесена е кривичната пријава, соопшти МВР.



Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести