Една од целите на популарната Мерка 7 од ИПАРД III програмата е да се обезбеди поддршка за инвестиции во руралните средини насочени кон формирање и развој на алтернативни економски дејности, како и промовирање на претприемништвото и деловен развој. Поддршката во започнувањето нов бизнис и развој на микро и малите претпријатија е клучна во унапредувањето на конкуретноста и создавање работни места во руралните средини.
На претстојниот повик за оваа мерка може да се аплицира за неповратен грант до 60% од вкупните трошоци за инвестиции во производство на непрехранбени производи од 110 различни дејности (клик на линкот за целосната листа).
Во продолжение на овој текст ќе се фокусираме на поддршката за инвестиции во производство на мебел. Оваа група го опфаќа производството на секаков мебел: канцелариски, за продавници, столови и седишта (за хотели, ресторани, театри, кина), кујнски, душеци со пружини или исполнети со носечки материјал, непресвлечени душеци од гума или пластична маса, носачи на душеци, производство на каучи, каучи-кревети и каучи-фотелји, маси и столови за градини, мебел за спални соби, дневни соби, градини, лабораториски (клупи, столчиња, катедри, маси) и др.
Кој може да аплицира
На јавниот повик за мерка 7 може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.
- Физички лица
- Со или без регистрирана дејност
- Правни лица
- Микро и мали претпријатија со најмногу 50 вработени
- Годишен приход најмногу до 10 милиони евра
Прифатливи трошоци
- Набавка на нови машини и опрема потребни за производство и обработка на мебел: CNC машини за прецизно сечење и обработка на дрво и други материјали, панел пили, машини за кантирање, автоматизирано и рачно брусење и завршна обработка, стеги, хидраулични и пневматски преси, рачен алат и др.
- Нови машини и опрема за подготовка и складирање на суровини
- Вилушкари, транспортни приколки, палетарки, опрема за манипулација, товарање и растоварање, контејнери, палети, подвижни ленти
- Опрема за мерење на тежина
- Опрема за следење на квалитет
- Контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција
- Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот
- Опрема за пакување и етикетирање на готовите производи, вклучувајќи складирање
- Компјутерски софтвер (CAD/CAM софтвер и сл.)
Покрај нови машини и опрема, грантот може да се искористи и за покривање на 60% од трошоците за градење или реновирање на објекти во кои се одвива производството, обработката и/или складирањето на мебел (работилници, хали, магацини, инфраструктура за производство, административен простор).
- Набавка на сите градежни материјали и елементи
- Сите потребни работни операции и услуги за реализација на проектната инвестиција: подготовка на терен, градежни работи, реконструкција, транспорт и монтажа и др.
- Набавка и поставување на фотоволтаици за сопствени потреби
Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува во сопственост на корисникот.
За повеќе информации и целосна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk
Листа на прифатливи дејности
Прифатливи се инвестиции во сите активности наведени во Националната класификација на дејности (НКД) под група 31 „Производство на мебел“.
ВАЖНО: На јавниот повик за оваа мерка може да аплицираат и постојни фирми кои имаат друга приоритетна шифра на дејност но планираат да започнат и со некоја од дејностите наведени во табелата.
| Шифра | Назив на дејност |
|---|---|
| 31 | Производство на мебел |
| 31.0 | Производство на мебел |
| 31.01 | Производство на канцелариски мебел и мебел за продавници |
| 31.02 | Производство на кујнски мебел |
| 31.03 | Производство на душеци |
| 31.09 | Производство на друг мебел |
Локација на инвестиции
Клучен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална област, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Покрај селата во Македонија, ова ги опфаќа и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.
Целосната листа на 1774 населени места определени како рурални области може да ја погледнете на овој линк.
ВАЖНО: Седиштето или живеалиштето на апликантот може да биде и во друго населено место.
За повеќе информации и целосна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk


