ИПАРД грант до 600.000 евра за производство на хартија и производи од хартија: Сите услови на едно место

Една од целите на популарната Мерка 7 од ИПАРД III програмата е да се обезбеди поддршка за инвестиции во руралните средини насочени кон формирање и развој на алтернативни економски дејности, како и промовирање на претприемништвото и деловен развој. Поддршката во започнувањето нов бизнис и развој на микро и малите претпријатија е клучна во унапредувањето на конкуретноста и создавање работни места во руралните средини.

На претстојниот повик за оваа мерка може да се аплицира за неповратен грант до 60% од вкупните трошоци за инвестиции во производство на непрехранбени производи од 110 различни дејности (клик на линкот за целосната листа).

Во продолжение на овој текст ќе се фокусираме на поддршката за инвестиции во производство на хартија и производи од хартија.

Оваа група го опфаќа производството на: целулоза (пулпа), хартија, картон, брановидна хартија и картон, амбалажа од хартија и картон, картонски кутии на склопување, вреќи и кеси од хартија, хартија за санитарни и тоалетни потреби за домаќинствата (шамивчиња, крпи, салвети, тоалетна хартија, хартиени чаши и чинии, текстилна вата), канцелариски материјал (хартија за печатење и пишување, гумирана и леплива хартија, самокопирачка хартија, пликови, нотеси, регистри, сметководствени книги, деловни обрасци итн.), ѕидни тапети и други предмети од хартија и картон (етикети, филтер хартија и картон, кутии за јајца и др.).

Кој може да аплицира

На јавниот повик за мерка 7 може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.

  1. Физички лица
    • Со или без регистрирана дејност
  2. Правни лица
    • Микро и мали претпријатија со најмногу 50 вработени
    • Годишен приход најмногу до 10 милиони евра

Прифатливи трошоци

  • Набавка на нови машини и опрема потребни за производство на хартија и картон и разни производи од хартија и картон
  • Нови машини и опрема за подготовка и складирање на суровини
  • Вилушкари, транспортни приколки, палетарки, опрема за манипулација, товарање и растоварање, контејнери, палети, подвижни ленти
  • Опрема за мерење на тежина
  • Опрема за следење на квалитет
  • Контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција
  • Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот
  • Опрема за пакување и етикетирање на готовите производи, вклучувајќи складирање
  • Компјутерски софтвер (CAD/CAM софтвер и сл.)

Покрај нови машини и опрема, грантот може да се искористи и за покривање на 60% од трошоците за градење или реновирање на објекти во кои се одвива производството, обработката и/или складирањето на хартија и производи од хартија (работилници, хали, магацини, инфраструктура за производство, административен простор).

  • Набавка на сите градежни материјали и елементи
  • Сите потребни работни операции и услуги за реализација на проектната инвестиција: подготовка на терен, градежни работи, реконструкција, транспорт и монтажа и др.
  • Набавка и поставување на фотоволтаици за сопствени потреби

Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува во сопственост на корисникот.

За повеќе информации и целосна подготовка на апликации за ИПАРД јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk

Листа на прифатливи дејности

Прифатливи се инвестиции во сите активности наведени во Националната класификација на дејности (НКД) под група 17 „Производство на хартија и производи од хартија“.

ВАЖНО: На јавниот повик за оваа мерка може да аплицираат и постојни фирми кои имаат друга приоритетна шифра на дејност но планираат да започнат и со некоја од дејностите наведени во табелата.

ШифраНазив на дејност
17Производство на xартија и производи од xартија
17.1Производство на целулоза (пулпа), xартија и картон
17.11Производство на целулоза (пулпа)
17.12Производство на xартија и картон
17.2Производство на предмети од xартија и картон
17.21Производство на брановидна xартија и картон и на амбалажа од xартија и картон
17.22Производство на предмети за санитарни и тоалетни потреби за домаќинствата
17.23Производство на канцелариски материјал од xартија
17.24Производство на ѕидни тапети
17.29Производство на други предмети од xартија и картон
Табела 1: Преглед на прифатливи производни активности

Локација на инвестиции

Клучен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална област, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Покрај селата во Македонија, ова ги опфаќа и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

Целосната листа на 1774 населени места определени како рурални области може да ја погледнете на овој линк.

ВАЖНО: Седиштето или живеалиштето на апликантот може да биде и во друго населено место.

За повеќе информации и целосна подготовка на апликации за ИПАРД јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести