ПСЖ влезе во преговори за продолжување на договорот со дефанзивецот Ахраф Хакими, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Парискиот клуб го смета 25-годишниот марокански фудбалер за еден од клучните играчи на тимот и има намера да потпише долгорочен договор со него.
Хакими игра за ПСЖ од јули 2021 година. Неговиот актуелен договор е со важност до крајот на јуни 2026 година.
Во сезоната 2024/25, Хакими постигна три гола и исто толку асистенции на 11 натпревари за Пари Сен-Жермен во сите натпреварувања.
МИА


