Финалето на Копа Либертадорес ќе се игра во Буенос Аирес

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) објави дека финалето на Копа Либертадорес годинава ќе се одржи на „Естадио Монументал“ во Буенос Аирес на 30 ноември.

На 27 септември беа одредени полуфиналните двојки: Атлетико Минеиро – Ривер Плата
Ботафаго – Пенарол. 

Првите натпревари ќе се играат на 24 октомври, а реваншите на 31.

Минатата година финалето се играше на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро. На тој натпревар Флуминенсе по продолженија ја победи Бока Јуниорс. 

МИА

Најчитани вести