Трета титула во Вухан за Сабаленка

Белорусинката Арина Сабаленка го освои ВТА турнирот од серијата 1000 во кинескиот град Вухан со награден фонд од три милиони евра, откако во денешното финале по два часа и 36 минути ја совлада домашната тенисерка Кивен Женг со 6:3, 5:7, 6:3.

Дваесетишестгодишната Сабаленка ја освои четвртата титула сезонава, а вкупно 17 во кариерата, додека триумфот во Вухан за Белорусинката беше вкупно трет, по успесите во 2018 и 2019 година.

Сабаленка годинава беше најдобра на уште два грен слем турнири, Австралија Опен и УС Опен, а победи и на турнирот во Синсинати, што е нејзина најдобра сезона по освоени титули.

Оваа година е многу успешна и за 22-годишната Женг, која освои златен медал на Олимписките игри во Париз, а победи и турнирот во Палермо и го повтори минатогодишниот успех. 

МИА

Најчитани вести