Нагелсман ќе добие нов договор во германската фудбалска репрезентација

Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) планира да го продолжи договорот со селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман. 

Раководството на ДФБ сака сегашниот селектор да остане на својата функција и по Светското првенство во 2026 година.

-Ќе се обидеме да го убедиме Јулијан дека треба да остане во националниот тим уште неколку години“, го цитира „Sport1“ спортскиот директор на тимот Руди Фелер.

Нагелсман е тренер на германската репрезентација од септември 2023 година. Неговиот договор истекува во летото 2026 година.

Германската репрезентација предводена од 37-годишен стручњак одигра 16 натпревари – 9 победи, 4 нерешени и 3 порази. Нагелсман претходно беше тренер на Хофенхајм, Лајпциг и Баерн. 

МИА

Најчитани вести