Сообраќајка на автопатот Скопје-Велес, блокирани двете сообраќајни ленти

 Поради сообраќајна несреќа блокирани се двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје – Велес, информираат од АМСМ.

Оттаму додаваат дека сообраќајката се случила пред тунелот на автопатот и оти сообраќајот е во прекин од 17:45 часот.

Сообраќајот ќе се пренасочува преку Куманово – Св.Николе – Велес.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести