Чави може да стане селектор на Катар

 Поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандез, би можел да ја преземе репрезентацијата на Катар, пренесе „Ал Раја“.

Според изворот, раководството на катарската репрезентација наскоро ќе разговара со 44-годишниот стручњак.

Чави ова лето се повлече од функцијата тренер на Барселона. Тој беше тренер на Каталонците од ноември 2021. Пред тоа Шпанецот работеше во катарски Ал-Сад.

Репрезентацијата на Катар од декември минатата година ја предводи сонародникот на Чави – Тинтин Маркез.

МИА

Најчитани вести