Оружје и муниција пронајдени при претрес во кичевско Грешница, приведено едно лице

 Оружје и муниција биле пронајдени при претрес во кичевското село Грешница. Приведено е едно лице.

– Синоќа во 22:10 часот, во кичевското село Зајас, лишен од слобода е У.Р., на возраст од 50 години од Грешница. При претрес во неговиот дом во селото Грешница, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, една ловна пушка, 10 ловни патрони и 188 куршуми калибар 7,62 милиметри, што неовластено ги поседувал, информираат од МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести