Јамал ќе пропушти 2-3 недели поради повреда на десниот скочен зглоб

Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал ќе пропушти 2-3 недели поради истегнување на десниот скочен зглоб, објавија од прес-службата на клубот.

Исто така и напаѓач Роберт Левандовски ќе биде надвор од терените 10 дена поради повреда на грбот.

Јамал оваа сезона одигра 16 натпревари за каталонскиот клуб, постигна шест гола и осум асистенции во сите натпреварувања. 

Левандовски на 17 натпревари има 19 гола и две асистенции. 

МИА

Најчитани вести