Дешам по победата над Италија: Не ги направивме грешките од првото коло

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешам ги пофали неговите избраници кои синоќа во Милано ја совладаа Италија со 3:1.

Ова беше дуел од последното коло во втората група од Сегментот А во Лигата на нации.

– Знаевме дека нема да биде лесно бидејќи Италија игра во врвна форма. Победата од 3:1 ни овозможи да го вратиме првото место. Резултатот беше заслужен, завршивме многу добра работа. Поразот во првото коло од Италија ни помогна да избегнеме повторување на грешките и покрај тоа што оваа млада италијанска репрезентација игра на високо ниво, изјави селекторот на Франција.

Французите се први со 13 бодови, исто толку има Италија на втората позиција.

МИА

Најчитани вести