Барселона на домашен терен загуби од Лас Палмас

Барселона загуби на домашен терен од Лас Палмас во денешниот натпревар од 15. коло на шпанската Ла Лига – 1:2.

Голот за домаќините го постигна Рафиња. Сандро Рамирез и Фабио Силва погодија за гостите.

Барселона ја продолжи серијата без победа во шпанското првенство на три натпревари – два пораза и едно реми. 

На табелата во Примера водат Каталонците со 34 бодови. Реал Мадрид има 30 бода и два натпревари помалку.

Лас Палмас е на 14. место со 15 бодови.

МИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести