Вучиќ го посети Додик во болница и објави на „Инстаграм“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва го посети претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој е во болница во Белград. Веднаш потоа, Вучиќ за посетата објави на „Инстаграм“.

„Го посетив претседателот Додик пред утрешната интервенција и му посакав брзо закрепнување и добро здравје. Се радувам на продолжување на соработката и на нови средби со раководството на Српска. Ни претстои многу заедничка работа“, напиша Вучиќ во објавата на социјалната мрежа.

Додик попладнето поради акутни болки беше примен во белградска болница, каде според најавите, утре ќе биде подложен на операција на желудникот и хранопроводот.

Најчитани вести