Два пожари, зафатени семејни куќи од плинска боца во Куманово

Плинска боца предизвикала пожар во семејна куќа во Куманово, опожарен бојлер зафатил и кровна конструкција на куќа во Черкези, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.  

– Пожарникарите интервенирале на опожарена плинска боца во семејна куќа на улица „Народна Револуција”.  Интервенирано во 10: 20 часот со едно  возило и петмина пожарникари .Зафатена била една соба од објектот при што е направена материјална штета која допрва ќе се утврдува, соопшти РЦУК. 

Пожарот е локализиран и завршен во 11:20 часот.

Втората интервенција на опожарен бојлер во семејна куќа во село Черкезе во временски период од 16: 25 до 17: 25 часот. Пожарникарите интервенирале со една екипа.  Пожарот ја зафатил и оштетил кровната конструкција на објектот, причината како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести