Трагедија во Бугарија. Четири лица загинаа во пожар во вагон, што изби на Централната железничка станица во Софија, пренесуваат бугарските медиуми.
Во пожарот исто така повредени се и две лица, кои со тешки изгореници се хоспитализирани во болницата „Пирогов“.
Пожарот избувнал во вагон кој бил составен нешто пред 00:00 часот на втората слепа пруга на Централната станица, подготвен за сервис на утринскиот воз Софија-Петрич. Пожарот сега е изгаснат. На лице место се испратени 3 противпожарни екипи, а пожарот на терен го изгаснале вкупно 14 вработени.
Извор: Слободен печат


