Бројот на загинати луѓе во двата големи земјотреса во Венецуела се искачи на 4.118, изјави претседателот на Народното собрание Хорхе Родригез.
Двата земјотреса што ја погодија Венецуела на 24 јуни повредени се 16.740 луѓе, а 17.907 лица останаа без домови.
Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени по Рихтеровата скала најтешко го погодија главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла Гваира, по што следеа повеќе од 600 последователни потреси со помал интензитет.
МИА


